Лошите резултати остварени на ЕП 2020 зедоа уште една жртва – оставка поднесе српскиот селектор Ненад Перуничиќ, со кого Србија доживеа три порази во групната фаза и предвреме си замина дома.

„Реков дека или ќе ги променам работите или ќе ме нема овде. Многу не заболе поразот од Црна Гора, после кој ги загубивме шансите за пласман во следната фаза. Потпретседателот Драган Шкрбиќ беше со мене во обид да ја смириме ситуацијата. Долго размислував и минатата недела ја поднесов оставката“.

На прес-конференцијата новинарите дознаа и дека Перуничиќ првпат оставката ја понуди уште во Австрија.

За оставката на селекторот ќе расправа У.О. на Ракометниот сојуз на Србија.