Освојувањето на титулата во Лигата на шампионите од скопски Вардар сеуште е тема за која се зборува во ракометните кругови во Европа.

Сега веќе поранешниот предводник на црвено-црните, Парондо во изјава за официјалниот сајт на СЕХА лигата објасни со какви спомени и емоции во напушти нашот главен град.

По победата во финалето сите среќни се вративме во Скопје. Пречекот од навивачите на плоштадот беше фантастичен. По повеќе од две недели од финалето сите стануваме свесни за подвигот кој го направивме. Направивме голема работа, две европски титули во три сезони. Вардар е најдобриот во Европа.“ – истакна Парондо и потврди дека со тешко срце тој и неговото семејство го напуштиле Скопје. Упати благодарност од сите кои уживале со Вардар потсетувајќи дека Скопје секогаш ќе му остане во срцето.