Словенија и Веселин Вујовиќ неочекувано се разделија на само еден месец пред почетокот на ЕП. Ракометната федерација излезе со образложение за оваа одлука дека дошло до заситување меѓу Вујо и ракометарите. Сепак, неколку дена по неговиот отказ, Словенечките медиуми истакнаа и други работи кои иницираа отказ за Црногорецот.

Вујовиќ уживаше во играње покер, но го играше само за забава и опуштање. Сепак, секој кој сакаше да игра со него мораше да плати иницијален износ од 300 евра. Тоа важеше и за самите ракометари, па дури оние кои ќе учествуваа во игрите покер со него и му беа омилени. Кои не сакаа да играат ги решаваше со контроверзни ‘тренерски техники’ на тренинзите и на натпреварите, како што беше неодамна случајот со Алекс Влах. Играњето уценувачки покер често се случуваше и на подготовките на репрезентацијата, па дури и на самите првенства“ – пишува словенечка „Нова24“.

Словенија и  натаму бара замена за Вујовиќ, а како најсериозни кандидати за селекторското место се споменуваат лицитираат  Хуан Пастор, Талант Душебајев и Алфред Гисласон.