Еурофарм Пелистер, вториот македонски претставник во ракометната Лига на Европа, денеска стартува во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Прв противник на битолчани е норвешки ГОГ Гудме, кој со пораз 29-28 од Кадетен Шафхаузен стартуваше во групната фаза.

Еурофарм  без  Ѓукиќ, Граџан и Кукуловски,, но предводникот на битолчани, Жељко Бабиќ верува дека и покрај сите проблеми неговите ракометари се подготовени за денешното деби против скандинавскиот противник.

„Помина долго време од нашиот последен официјален натпревар. СЕХА не започна во терминот кој го очекувавме, исто така поради коронавирусот не го одигравме ниту првиот натпревар во Европската лига. Затоа беше многу тешко да се задржи фокусот, особено за нас тренерите кои моравме да наоѓаме начини како да не се почувствува тоа отсуство на натпревари. Верувам дека добро сме подготвени и спремни сме да играме европски ракомет“, изјави  Бабиќ спроти пресметката со Гудме, вечерва од 18:45 часот.