Рк Вардар од следната сезона ќе биде без Домен Сикошек Пелко, кој кариерата ќе ја продолжи во Ла Риоха. Тој на својот Фејсбук профил емотивно се прости од Скопје и „црвено-црните“.

 

Скопје, ти благодарам за сè. Беше чест да се игра за голем клуб. Се надевам дека ќе се вратам еден ден. Имам многу спомени. Најдобрите навивачи во Европа – порача Словенецот.

Претходно, европскиот првак го напуштија Калифа Гедбан, Артурс Кугис, Сергеј Горбок, Сташ Скубе и Данил Шишкарев.