Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ во два наврати во кариерата беше бислку до трофејот од ЛШ на ЕХФ со вардари не не успеа во својата намера. Таа во изјава за хрватскиот „Спорт Клуб“ потврди дека четирити години во поминати во Скопје биле најубавите во нејзината кариера.

„Нема ништо полошо од тоа да загубите финале. Мене тоа ми се случи два пати и тоа на каков начин. Во двата случаи загубивме во продолженијата, тоа е страшен емотивен удар. Најпозитивната работа во кариетата е Вардар, Се чувствував многу почитувана, ценета, луѓето на улица ни приоѓаа, секој ден уживав во Македонија. Жал ми е само за тие два порази во Лигата на шампионите, мислам дека таа генерација на Вардар заслужи да биде шампион, но во спортот секогаш треба и среќа, а ние ја немавме.“ – изјави Пенезиќ.

Таа посочи дека секогаш ќе се сеќава на убавите но и на помалку убавите мигови во Македонија, водејќи се по чуството дека и во Скопје се чуствувала како дома.