Во 26. коло на германската ракометна Бундеслига, екипата на Штутгарт, за која настапува нашиот Жарко Пешевски, го совлада тимот на Балинген, чиј ракометар е нашиот интернационалец Филип Талески.

По израмнетото прво полувреме, кое Штутгарт го доби со само гол предност, следеше офанзивата во вториот дел, по која Балинген мораше да потпише капитулација.

Жарко Пешевски продолжува со одличните игри и денеска постигна 3 гола од 3 обиди, за разлика од Филип Талески, кој постигна еден гол од два обиди.

Штутгарт ја запиша својата 8-та победа и е на безбедното 12 место, додека Балинген го забележа 17-от пораз и е добар кандидат за напуштање на лигата.