Македонскот ракометен прволигаш, Тинекс Пролет потврди дека нашиот поранешен репрезентативен голман и нивен член, Петар Ангелов – Диви има Ковид-19.

Голманот не тренирал со останатите соиграчи во Тинекс Пролет во на последните неколку тренинзи поради повреда на коленото, по по првата појава на симптомите на Ковид-19 бил тестиран и добил позитивен резултат.

„Иако Ангелов не беше во контакт со соиграчите во последните денови, Тинекс Пролет ги презема сите неопходни чекори, тренажниот процес на првата екипа е прекинат, а за следната седмица е закажано колективно тестирање на сите членови на нашата екипа и на стручниот штаб. Му посакуваме на нашиот чувар на мрежата што побрзо оздравување и враќање на терените.“ – соопштија од Тинекс Пролет.