Унгарски ПИК Сегед пушти во продажба 927 влезници за пресметката со Вардар 1961 во третото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Од ПИК Сегед потврдија дека до влезница може да дојдат само оние кои имат годишни влезници за минатата сезона.

Сите протоколи за заштита од Ковид-19 ќе мора да бидат запазени ако навивачите сакаат да добијат место на трибините.

Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Вардар 1961 е закажан за 1 октомври во терминот од 18:45.