Новиот тренер на ракометниот европски шампион Вардар, Давид Писонеро, в среда ќе ги собере ракометарите на Вардар на првата прозивка и првиот тренинг.

Шпанецот се надева дека ќе ги оправда големите очекувања во пресрет на новата сезона.

„Преземањето на освојувачот на Лигата на шампионите е голем чекор во мојата кариера. Се надевам дека тимот ќе биде подготвен за игра на највисокот ниво и ќе можеме да ја почнеме сезоната со титула на Супер глоуб турнирот, а тоа би било фантастичен начин да го стартувам новиот предизвик. Целта за претстојната сезона е да ја одбраниме титулата во Лигата на шамионите. Сакам да играме на високо ниво, но секако ќе има некои работи во играта што ќе треба да ги подобриме “, вели Писонеро.