Европскиот шампион Вардар по три седмици откако го одиграа првиот натпревар со Мотор Запорожје, но во СЕХА Газпром лигата, повторно патуваат за Укрина овојпат во рамки на Лигата на шампиони. Во недела од 18 часот се игра мечот од Б групата на лигата на шампионите а „црвено-црните” патуваат со максимален број бодови. Домашните ракометари имаа два порази на стартот од сезоната во лигата на шампионите.

Патувањето во Украина ќе биде „врзано” со гостување потоа во Словачка, каде вардарци ќе го одиграат и гостинскиот меч со Татран Прешов. Тој меч е закажан за 1 октомври. Вардар од Украина директно патува во Словачка, а потоа се враќа дома.

Вардар го очекува постигнувањето на 4.000 гол во групната фаза од ЛШ со што би бил 12-ти тим на кого тоа му успеало.

Првиот меч Вардар го загуби минимално, иако во финишот на мечот Вардар не искористи седмерец, а во моментот тренерот Писонеро смета дека европскиот шампион е во подобра форма.З

„ Секако дека натпреварот ќе биде различен. Тој на почетокот на септември беше веднаш по настапот на Супер Глоуб, а сега веќе зад себе имаме повеќе дуели, формата се подобрува. Мотор покажа дека е добар тим и сигурно повторно ќе ни биде тешко да играме. Но, сега има разлика, ова е средба од лигата на шампионите, ние сме целосно фокусирани на натпреварите и така и ќе настапиме и сега“, вели Давид Писонеро, тренерот на Вардар.