Дерби мечот од 4 коло во Лигата на шампион ќе се игра во Скопје меѓу двете непоразени екипи во групата Б во Лигата на шампионите, Вардар и Кил. Вардарци влегуваат во овој меч како благи фаворити, но сепак претпазливо, поради одличната форма на противникот.

На прес-конференција  предводникот на „црвено-црните“, Давид Писонеро, смета дека ова е меч на сезоната барем досега.

„Овој дуел со Кил ќе биде исклучително важен за нас. Противникот се наоѓа во одлична форма, а јас тоа го видов на некои од нивните последни мечеви. Тие се далеку подобри од натпреварот на Супер Глоуб пред нешто повеќе од еден месец. Ова е натпревар на сезоната за нас. Јас очекувам многу бидејќи играме во Скопје, а се надеваме на одлична поддршка од нашата публика“, рече шпанскиот тренер.

Мечот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра в сабота со почеток од 17:30 часот.