Новиот тренер на европскиот ракометен шампион Вардар Давид Писонеро доаѓа како наледник на Роберто Гарсија Парондо и ќе има исклучително тешка задача пред себе во предстојната нова сезона.

„Знаев малку информации за екипата. Прашував по пријателите, и ми кажаа дека секогаш е посебно да се игра тука. Знам што се очекува од мене, ќе биде тешко повторно да се освои титулата во Европа. Проблем е тоа затоа што сега повеќе ќе не респектираат противниците, поинаку ќе гледаат на Вардар. Сега тимот е сосема поинаков. Ова е шанса за мене, добар предизвик за мене, и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата. Минатата сезона го гледав тимот на телевизија во финалето, сега сум дел од него “, изјави новиот стратег на „црвено-црниот“ тим.