Предводникот на РК Вардар, Давид Писонеро беше задоволен од победата над Порто иако потврди дека неговите избраници можеле и морале да бидат многу подобри во првото полувреме.

„Ова беше навистина тежок натпревар за нас, знаев дека Порто е добар тим. Во првиот дел направивме многу грешки во нападот а можеби и голманите не одбранија доволно топки. Но во второто полувреме Вардар играше сосема спротивно во однос на првите 30 минути. Ништо посебно не е за издвојување, игравме подобро. Ја подобривме одбраната и важно е дека поправивме некои ситни работи кои ни правеа проблем.“ – изјави Писонеро.

Во следното коло од Лигата на шампионите, Вардар ќе му гостува на Мотор Запорожје на 29 септември.