Давид Писонеро од денеска е асистент кај Вардар, ова му било соопштено на утринскиот тренинг по кој Едуард Кокшаров од позицијата директор е назначен за наследник на Шпанецот.

Ваквата неочекувана одлука на раководството на клубот ги зачудило и ракометарите, според наши сознанија, Писонеро засега ја прифатил новата улога во клубот.

Од Вардар ниту ја негираат ниту ја потврдуваат оваа одлука која доаѓа како големо изненадување, веројатно поразот од Кил во Лигата на шампионите е причината поради која дошло до ваква изненадувачка одлука.