Тренерот на Вардар, Давид Писонеро смeта дека победата над Монпелје е добиена со машка борба и одлична игра во вториот дел.

Вардар одигра слабо во одбраната во првото полувреме,  го подобривме тој дел од играта и стигнавме до победа на овој тежок терен за игра.

„Примивме 17 голови во првиот дел, одигравме слабо во одбраната, се поправивме во второто полувреме и дојдовме до посакуваниот резултат. Нападот беше добар на овој меч, задоволен сум од резултатот, тешко се победува овде“ – изјави Писонеро по мечот во Франција.

Вардар во следното коло го пречекува аутсајдерот Порто во Скопје на 22 септември.