Македонскиот ракометен првак, Вардар има сериозен предизвик во новата натпреварувачка година. Влегува како бранител на три трофеи, поточно во Лига на шампионите, СЕХА конкуренцијата и во домашното првенство.

Вардарци утре ќе го пречекаат новајлијата во регионалното друштво, Пекинг тим кој е вистинса енигма за ракометна Европа.

„Не сум задоволен од нашата игра на Супер Глоуб затоа што сакам да победуваме. Целта на овој тим е да победува на секој натпревар. Важно е да почнеме во добар ритами како ќе одминува времето да бидеме се подобри.“ – изјави тренерот на РК Вардар, Писонеро.

Данил Шишкарев ги поздрави навивачите и најави дека овој Вардар е силен исто како и лани.

„Подготвени сме за новата натпреварувачка сезона и едвај чекаме да започне сезоната. Не го знаеме добро протоивникот но добро е за СЕХА лигата што ќе се гледа во Кина. Воедно овие натпревари се добри за подготовка пред новата сезона во Лигата на шампионите“. – изјави Дaнил Шишкарев.

Натпреварот Вардар – Пекинг е закажан за утре од 20:45 часот а ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.