Ракометарите на Вардар по победата на тешкото гостување против Мотор Запорожје, веќе денес ги чека нов тежок меч во рамки на СЕХА лигата, а противник е екипата на Татран Прешов.

Новиот стратег на вардарци, Давид Писонеро е свесен за заморот кај своите играчи, но најави дека како и секогаш и на овој меч ќе атакуваат на победа.

„Како и за секој натпревар така и за овој соодветно се подготвуваме иако повторно имавме малку време заради нашето гостување во Запорожје. Секогаш одиме на победа, без разлика на сè, па така ќе биде и против Татран, кој добро го познаваме. Знаеме дека играчите се уморни од долгите патувања, и густиот распоред, но ова за нас не е прв пат да играме во вакво темпо и очекувам секој рамоетар да одигра одговорно без разлика колку ќе добие шанса.

Мечот меѓу Татран Прешов и Вардар се игра вечерва од 20:45 часот.