Македонската ракометна репрезентација не успеа вистински да и се спротистави на Русија во натпревар од главната фаза на СП во Египет.

Русија победи со 30:22 во натпревар на кој во првото полувреме водеше во континуитет а на пауза замина со 19:9.

Во второто полувреме, фаворитот ја одржуваше предноста и воопшто не дозволи Македонија да ја намали резултатската извеност.

Најефикасен во нашиот тим беше Филип Кузмановски со шест гола, Серафимов постигна четири. За победникот се издвои Сорока со шест гола.

Во последниот натпревар од главната фаза на СП во Египет, Македонија ќе игра со Белорусија в недела од 15:30.