Денеска на програмата се полуфиналните двојки од Европското ракометно првенство 2020 година, а во нив ќе се сретнат Норвешка-Хрватска, односно Шпанија-Словенија.

Сите четири амбиции имаат свои претензии за највсиок пласман, а честа на Балканот стандарно ќе ја брани Хрватска и Словенија која од година во година е се подобра.

Хрватите во финалето ќе се борат со Норвешка која по сите параметри покажа најмногу на ова Европско првенство. Предводени од Садосен, Норвежаните се единствената селекција со максимален учинок на континенталниот собир. За овој меч „коцкастите“ се соочуваат со проблеми по повредите на Циндриќ и Карачиќ, но овој вториот сигурно ќе биде дел од вечерашниот дуел.

Шпанија за да ја одбрани титулата од претходното ЕП мора прво да ја мине Словенија, која и покрај кадровските и административни проблеми пред шампионатот успеа да се подигне и под палката на Љубомир Врањеш да стигне помеѓу четири најдобри и пласман на Олимписките игри во Токио следното лето.

Натпреварот меѓу Хрватска и Норвешка се игра од 18 часот, додека од 20:30 минути ќе се сретнат Шпанија и Словенија.