Ракометниот првак на Украина, Мотор Запорожје и покрај најавата дека оваа сезона ќе биде дел од СЕХА лигата, нема да смее да настапи.

Оваа одлука ја донела ракометната федерација на Украина со објаснување дека на територијата на Украина не може да биде преставена организација чиј главен спонзор е „Газпром“.

Сеуште го очекуваме официјалнот став на СЕХА лигата за новонастанатиот проблем со Мотор и учеството во регионалното натпреварување.