Вардар со негатива од осум гола разлика замина на одмор на мечот со Мешков Брест во салата Јане Сандански. Белорусите водат со 20:12

Најпроблематичен дел за избраниците на Стевче Алушовски повторно е одбраната, денеска примија дури 20 гола за само 30 минути.

Кај гостите во првото полувреме најдобар е Ваилапау кој постигна шест гола, него го следи поранешниот играч на Вардар, Сташ Скубе, со четири гола, по два имаат Паниќ, Обрановиќ и Врањеш, додека по еден имаат Малуш, Пачковски и Шумак.

Кај вардарци најдобро се покажа Тимур Дибиров, кој има четири гола по првите 30 минути, по два имаат Чупиќ и Гаџа, а по еднаш стрелаа капитенот Стоилов, Дисингер, Георгиевски и Калараш.

Инаку, мечот започна со минута молк во чест на голманот на Порто, Алфредо Кинтана, кој почина откако имаше срцев удар на тренинг.