Металург со дуелот против Адемар Леон утре во Скопје, ги завршува настапите во Европа лигата на ЕХФ. Милан Поповиќ ветува дека сите во екипата ќе го дадат максимумот, не ветува „сигурни“ бодови.

„Сите знаеме каква екипа е Адемар Леон, покриена е на сите позиции со квалитетни ракометари и константно напредува. Доказ за тоа се и победите над Висла Плок и Чеховски Медведи. Од друга страна, Металург сè уште има проблеми со вирусот и затоа не можеме да ветуваме атак на бодови на овој дуел. Она што можеме да го ветиме е дека ќе го дадеме максимумот од себе, а овој дуел ќе го искористиме за да се воиграме за вториот дел од Суперлигата. Искрено не сум многу задоволен од досегашните резултати, затоа што имавме големи очекувања. Но, за жал оваа слика е реална, бидејќи имавме многу проблеми со вирусот. Што се однесува до моите настапи, може да бидам задоволен, но сепак не во целост, затоа што тимот не ги бележеше посакуваните резултати“ – изјави Поповиќ.

Дуелот меѓу Металург и Адемар Леон се игра утре од  18-45 часот во салата на СЦ „Борис Трајковски“.