Македонската машка ракометна репрезентација одигра нерешено против Италија 26:26 во вториот пријателски натпревар на турнирот во Ескишехир кој е дел од ЕХФ неделата.

Мартин Поповски постигна гол од пенал во последните секунди од мечот и со ова беше избегнат пораз. Поповски мечот го заврши со осум гола со што беше најефикасен во нашиот тим, Томовски средбата ја заврши со 10 интервенции.

Натпреварот беше израмнет од почетокот до крајот, на полувреме беше 12:12. Во вториот дел Италија дојде и до плус пет, но на ова нашата селекција одговори добро и се избори за реми.

Утре нашата селекција се враќа во Скопје каде ќе продолжат подготовките за двомечот со Грузија кој е закажан викендов во нашата метропола.