Македонските репрезентативци, Мартин Поповски и Марко Мишевски не се повеќе дел од екипата на европскиот ракометен првак.

Раководстовот на РК Вардар не успеало да најде заеднички јазик со двајцата ракометари кои посакуваат поголема минутажа, нешто што немало да го добијат во тимот предводен од Писонеро.

Поповски и Мишевски не се појавија на стартот од подготовките за новата сезона а наскоро се очекува да биде познато каде ќе ја продолжат кариерата.