Една од најголемите ѕвезди на последното ракометно светско првенство во Египет, помалку и неочекувано беше Готие Мвумби, кој преку игрите во пониските лиги во Франција, отпатува на Мундијалот во дресот на Конго.

Откако ги покажа своите способности во Египет, доби понуди од голем број клубови во елитните лиги, каде би можел да напредува во својата кариера.

Иако имаше опции за играње во првите лиги на Франција и Шпанија, а за популарниот дебелко понуди имаше и од други клубови во Европа, Мвумби на изненадување на сите реши кариерата да ја продолжи во САД.

„Пресреќен сум што можам да објавам дека ќе играм за Детроит, за да помогнам да се развива ракометот во САД“ – изјави Мвумби.