Селекторот на српската женска ракометна репрезентација, Љубомир Обрадовиќ го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за квалификациите за Олимписките игри во Токио, а на овој список се најде поранешната ракометарка на Вардар, Андре Лекиќ.

Леќиќ се враќа во националиот дрес, откако поради повреда го пропушти Светското првенство во Јапонија. Без Андреа, Србија на тој турнир заврши на шестото место, позиција со која изборија пласман на квалификацискиот турнир за игрите во Токио следното лето.

Србија од 20. до 22.март ќе играат против домаќинот Русија и Казахстан на турниорт во Џеру.