Ракометарите на Охрид, во рамките на подготовките за продолжението на сезоната, одиграа пријателски двомеч со шампионот на Косово, Беса Фамгас,

Ако вчера „Гладијаторите“ беа изненадени од противникот и совладани со резултат 22:23 (14:12), денеска тие вратија со полна мерка и го победија гостинот со 27:24 (17:12).

Денешната победа на момците на Раде Стојановиќ е резултат на одличното прво полувреме, кое охриѓани го добија со пет голови разлика, а таа предност рутински ја сочуваа до крајот.

Најпрецизни кај Охрид беа Бобан Блажески и Филип Кривокапиќ, со по пет гола, четири зпостигна Наум Костов, а три реализираше Денис Тот.

Во составот на Беса Фамгас, најдобар беше Арбиос Мушкулај со четири голови.