Вардар, и покрај поразот од Кил, ги задржа истите шанси за повисок пласман во групата „Б“ од Лигата на шампионите, кои ги имаше и пред ова коло, најмногу благодарејќи на денешните порази на Порто и на Киелце.

Порто релативно лесно му ја препушти победата на Веспрем, додека Киелце има за што да жали, бидејќи загуби со гол постигнат на две секунди до крајот.

Екипата на ППД Загреб е исто така поразена со гол разлика од Фленсбург, иако имаше убава можност да го изненади големиот противник.

Пик Сегед е најголем денешен губитник, бидејќи дозволи да биде изненаден од Алборг на свој терен и освои само еден бод, со што силно ги расипа своите шанси за освојување на првото место во групата.

Резултати:

Порто – Веспрем (Б) 24:31 (9:14)

Монпелје – Киелце (Б) 25:24 (12:14)

Пик Сегед – Алборг (А) 26:26 (13:15)

ППД Загреб – Фленсбург (А) 25:26 (9:11)