Вардар го запиша четвртиот пораз во низа во Лигата на шампионите, Кил славеше со 34-23, ја потврди кризата во редовите на Европскиот шампион.

Поразот од Кил е реална слика на она што се случува во Вардар,пари нема, ветувања колку сакате, резултати нормално изостануваат.

Стевчо Алушовски не може да донесе промена кога во екипата „никој не слуша“, пари нема, а со тоа и професионализам.

Прашање е до каде ќе се развива кризата во Вардар кој очигледно беспари не може да функционира, како и секој професионален клуб.

Чуда се случуваат, но тоа не се случува секој де, или секоја година.