Унгарија не успеа во обидот да слави против Португалија и да ја чека разврската меѓу Словенија и Норвешка, во надеж во последен момент да обезбеди полуфинале.

Унгарија одигра слаб натпревар и заслужено е катастрофално поразена од Португалците. Во првото полувреме уште и се играше колку толку рамноправно, но во вториот дел Унгарците влегоа во “машината“ на Португалија и забележаа убедлив пораз.

Овој пораз и одговара на Словенија, кој сега ќе може без притисок да ја игра средбата со Норвешка, но најмногу му одговара на победникот – Португалија, која обезбеди олимписки квалификации и ќе се бори во мечот на петтото место.

Португалија – Унгарија  34:26 (16:14)