Еурофарм Пелистер со пораз ја отвори сезоната во ЕХФ Лигата на Европа, на домашен терен против Ним.

Кончениот резултат на крај беше 21:26, но се беше решено уште во првите 30 минути, Еурофарм Пелистер дури и се спаси од повисок пораз во вториот дел.

На полувреме битолчани заминаа со девет гола негатива, а постигнаа само шест гола, резултатот по 30 минути гласеше 6:15. Во вториот дел покажаа многу посигурна игра, но не доволна за пресврт.

Најдобар стрелец кај пелситерци беше Стипе Мандалиниќ со седум гола, пет постигна Елмир Граџан, четири запиша Рение Табоада, а по еден имаа Мараш, Ојлески, Никола Маркоски, Мартин Велковски, Божиќ Павлетиќ.

Кај гостите најпрецизен беше Мохамед Санад со седум гола, по четири имаа Хенрик Јакобсен и Ахмед Хешам, додека три гола даде Лук Тоби.