Каталонскиот ракометен гигант Барселона, објави дека средниот бек Хрватот Лука Циндриќ ќе мора да замине на операција за да ја реши дислокацијата на левото рамо, повреда којашто ја здоби во 12. минута од натпреварот против Фленсбург во Лигата на шампионите.

„Откако ќе заврши операцијата ќе биде проценето времето колку ќе отсуствува. Неговата повреда за нас дојде во многу лош период, на почетокот од сезоната“-изјави новиот тренер на Барселона, Карлос Ортега, кој на ова место го наследи Чави Пасквал

Циндриќ (28), кој е поранешен играч на Вардар им се придружи на Тим Н ’Гесан и левото крило Аитор Арињо на листата повредени на Барселона, која оваа година има пократок состав и затоа ќе има проблем да ги покрие отсуствата на играчите. На мечот со Фленсбург во тимот на каталонскиот гигант се истакнаа Мартин Солер и Артур Парера.

Лика Циндриќ е еден од најзаслужните за првата европска титула на Вардар во ЛШ во 2017 година. Тој воедно е и актуелен шампион во елитното натпреварување со Барселона.