Со завршувањето на денешните две средби, означен е крајот на групната фаза на ЕП во Австрија, Норвешка и Шведска.

12 репрезентации одат во главната фаза, додека преостанатите 12 се враќаат дома, а нивниот пласман е пресметан според резултатите од групната фаза.

Македонија го зазеде 15. место, најлошо на своите досегашни настапи на ЕП. Но, ако е за утеха, ние сме само место подоле од Франција, и две места подоле од Данска, што исто така до сега се нема случено.

 

13 Данска
14 Франција
15 Македонија
16   Швајцарија
17 Холандија
18 Црна Гора
19 Украина
20 Србија
21 Полска
22 Русија
23 БиХ
24 Летонија