Машката ракометна репрезентација на Македонија немаше баш голема среќа на ждрепката денес за состав на групите за ЕУРО во Унгарија и Словачка.

Македонија ќе игра со селекциите на Данска, Словенија и на Црна Гора во рамки на А-групата. Познате распоредот, отвараме со Словенија, следува дуел со Црна Гора, на крај со фаворитот Данска.

Распоред на натпревари, група А:

13 Јануари:  Македонија – Словенија
15 Јануари: Македонија – Црна Гора
17 Јануари: Македонија – Данска