Освојувачот на македонскиот машки ракометен куп Металург под воство на новиот тренер Дамир Стојановиќ кон крајот на месец јули ќе ги започне подготовки за следната сезона.

Првата фаза ќе биде одработена во Скопје, а потоа ракометарите се селат во Копаоник, каде од 6 до 12 август ќе ги одработи висинските подготовки.

Во текот на подготовките Металург ќе учествува и на два турнири. Најпрво ќе биде дел од турнирот на Чеховски Медведи, од 15 до 19 август, а потоа ќе настапи и во Кањижа, од 22 до 25 август. Последната етапа од подготовките Металург ќе ја одработи во Автокоманда.

Пред стартот на Суперлигата, Металург треба да го одигра Суперкуп натпреварот против македонскиот шампион Вардар