Денеска беа извлечени и групите за овогодинешното издание на женската ракометна Лига на шампиони, во која шампионската титула ќе ја брани унгарскиот Ѓер.

Македонија нема клупски претставник втора година по ред, но затоа има представник во името на нашата репрезентативка Елена Ѓорѓиевска, која ги брани боите на хрватскиот првак Подравка.

Тимот  од Копривница е дел групата „А“, заедно со Мец, Кристиансанд и ФТЦ

Шампионот Ѓер, пак, доби релативно лесна група на хартија, против словенечки Крим, шведски Сафехоф и победникот од квалификациите.

Групите во женската ракометна ЛШ
ГРУПА А: Мец, Кристиансанд, Подравка, ФТЦ
ГРУПА Б: Ростов-Дон, Есбјерг, Перла Лублин, ЦСМ Букурешт
ГРУПА Ц: Валчеа, Будуќност, Битигхајм, Брест
ГРУПА Д: Ѓер, Крим, Савехоф, квалификант

Новата сезона од Лигата на шампионите стартува на 16 септември, а ќе се игра до 10 мај.