Европската ракометна федерација во договор со ТВ куќите, ги одреди саатниците за натпреварите на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Македонската репрезентација немаше многу среќа во ждрепката и се најде во група со Данска, Црна Гора, и Словенија.

Сите три средби ќе се играат во „Феникс Арена“ во Дебрецен.

Само дерби-дуелот со Данците ќе се игра во централниот термин, додека останатите два се попладневни.

Распоред на натпревари:

13 јануари, 18:00 часот, Македонија – Словенија
15 јануари, 18:00 часот, Македонија – Црна Гора
17 јануари, 20:30 часот, Македонија – Данска