Ракометарите на Еурофарм Пелистер и на РК Металург се последните два патници во полуфиналето од ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција.

Ова е разврската од денешните два последни четвртфинални натпревари на кои Еурофарм Пелистер го совлада Пролет со 36:21 а Металург беше подобар од Работнички со 34:28.

Претходно пласман во полуфиналето изборија и Вардар 1961 и Бутел Скопје.

Полуфиналните двојки ќе бидат дополнително познати, завршницата од Купот на Македонија ќе се игра од 21 до 31 мај.