На овогодинешното издание на традиционалниот меѓународен ракометен турнир во Струга ќе има три македонски преставници.

Покрај домаќинот РК Струга, ќе настапат и нашиот вицешапмион Еруфарм Работник и екипата на Бутел. Од странските клубови оваа година ќе учествуваат романска Констанца, шведски Ескилсуна Гуиф и грчки Аек.

Турнирот ќе се одржи на игралиштето „Женска Плажа“ од 14 до 17 август, минатогодишинот освојувач, Целје Пивоварна Лашко го откажа учеството.