Хрватска, Данска и Норвешка ќе бидат организатори на  Светското првенство во ракомет во 2025 година. Ова го одлучи управниот одбор на ИХФ, на собранието кое се одржа во Каиро.

За „Коцкестите“ ова е втор пат да бидат домаќини на Мундијало, откако во 2009 година, за прв пат им беше дадена таа улога. Освен Мундијалот во 2009, Хрватска беше организатор на Европските првенство во 2004 и 2018 година.

На Светскиот собир како и на последниот турнир годинава ќе учествуваат 32 репрезентации кои ќе бидат распределени во осум групи.