Тешка осминафинална задача за Еурофарм Пелистер во ракометната Лига на Европа. Откако денеска заврши групната фаза познати се и сите осминафинални двојки. Ако се видат имињата на тимовите може да се очекува многу интересни и неизвесни средби.

Претставници во групната фаза од Македонија беа Еурофарм Работник и Пелистер, но само битолчани успеаја преку четвртата позиција во групата Д да обезбедат пласман во нокаут фазата, а таму ги очекува и повеќе од тешка задача против германски Магдебург.

Лига на Европа осминафинални двојки:

Висла Плок- Спортинг

Адемар Леон- Кристијанштад

Чеховски Медведи- Ним

Фуксе Берлин- Фиверс

Магдебург- Еурофарм Пелистер

ЦСКА Москва- ГОГ Гудме

Монпеље- Кадетен Шафхаузен

Рајн Некар- Нексе