Светската ракометна федерација (ИХФ) ги откри учесниците и системот на натпреварување кој ќе биде на првиот ИХФ Супер Глоуб кој ќе се игра во Саудиска Арабија.

Ќе настапат десет екипи, а и системот на натпреварување е различен во споредба со минатогодишниот.

ИХФ даде специјална покана на германскиот Кил, кој како освојувач на ЕХФ Купот ќе ја брани честа на Европа, заедно со европскиот првак Вардар и шпанската Барселона.

Според правилата Вардар и Барселона ќе се вклучат во четвртфиналето додека Кил, Сиднеј, Ал Мухдар и Њујорк се екипите кои ќе играат во осминафиналето.

На овој турнир кој ќе се одржува во Саудиска Арабија ќе настапат: Барселона (како бранител), Ал Вехда (домаќин), Ау Духаил (шампион на Азија), Замалек (шампион на Африка), Таубате (шампион на Јужна Америка), Њујорк (шампион на Северна Америка), Сиднеј (шампион на Австралија), Ал Мухдар (вајлд карта) и Кил (вајлд карта).

Победникот ќе добие 400.00 евра. За второпласираниот тим наградата изнесува 250.000 евра, додека третиот ќе добие 125.000 евра. Неофицијалнот светско клупско ракометно првенство започнува на 27-ми август.