Европскиот ракометен првак, Вардар ќе го дочека Пик Сегед на 22 март а во Унгарија ќе гостува на 29 март во осминафиналниот двомеч од ЛШ.

„ЕХФ во соработка со клубовите и ТВ куќите кои ги вршат преносите од лигата на шампионите ги одредија термините и саатниците за осминафиналните дуели. Вардар во осмина-финалето ќе игра со ПИК Сегед. Првиот меч е во Скопје, а реваншот во Сегед, Унгарија. СЦ „Јане Сандански“ ќе биде домаќин на 22 март (недела) со почеток во 17 часот.
Реваншот се игра следната недела, 29 март со почеток во 17 часот.“ -информира од РК Вардар.

Победникот од пресметката на Вардар и Пик Сегед во четвртфиналето од ЛШ ќе игра со подобриот од осминафиналниот двомеч на Вилса и Веспрем.