Македонската машка ракометна репрезентација во ноември официјално ги започнува квалификациите за следнот ЕП Европско првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Швајцарија го одреди терминот и градот каде ќе ја пречека Македонија, на 7 ноември со почеток во 18:30 часот ќе не пречека во градот Цуг.

Првиот натпревар Македонија го игра со Финска на домашен терен на 4 или 5 ноември, додека вториот на гости кај Швајцарија.