Ракометарите на Металург загубија од Нексе со 29:27 во втoриот натпревар на „Кањижа Купот“ иако имаа реални шанси за нерешен реузлтат.

Момците од автокоманда имаа негатива од еден гол по првото полвуреме а пропуштија одлична шанса преку Поповиќ за израмнување во самиот финиш од дуелот.

„Металург на оваа средба настапи со преполовен состав. Игравме без првите голмани Дупјачанец (истегна лигамент) и Ѓорѓески (стомачен вирус), како и без Кондев (стомачен вирус) и повредените Танкоски и Чантурија. Нашиот гол го бранеше најмладиот – Пеџа Мијатовиќ, кој денеска имаше свој ден и забележа 9 одбрани.“ – соопштија од Металург.

Во третото коло на овој турнир, Металург ќе игра утре против Партизан од 15 часот.