Македонските медиуми утринава излегоја со информација дека Вардар ќе се засили со голманот на Сесон, Робин Кантегрел. Сепак, само неколку часа подоцна француските медиуми  пишуваат дека неговиот сегашен клуб Сесон може да биде пречка за реализација на овој трансфер, откако според „Handnews“ наводно французите бараат  оштета.

Лани Кантегрел има уште една година од договорот со Сесон Рен, а минатата сезона беше одличен во натпреварите од францускиот шампионат. Сесон, покрај Кантегрел го ангажираше и Словенецот Рок Запоншек, кој треба да биде замена за Французинот.

За потсетување, Вардар пред неколку месеци на голманската позиција се засили со македонскиот репрезентативец Борко Ристоски кој се врати во „црвено-црниот“ дрес.