Ракометарите на Прилеп запишаа победа против Работнички со 27-24 над Работнички, со овој триумф останаа во игра во трката за третото место кое значи пласман во плејофот.

Во составот на Прилеп се истакнаа Чантурија со осум и Шокоски со шест гола,  кај Работнички двајца играчи запишаа по шест гола,  Атанасовски и Ончев беа најдобри поединци.

Прилеп по денешната победа има 10 бода и во моентов е на петтото место, колку што има и четвртопласираниот Тиквеш. Еурофарм Пелистер со 12 бода е трет, додека Работнички со 9 бода  е на шестото место.