Македонската селекција се подготвува за престојниот двомеч против Финска и Швајцарија во евроквалификациите.

Поради Ковид-19, слекеторот Бресотвац се уште не знае со што ќе раполага за овие два меча, а во меѓувреме пристигна потврда дека во стручниот тим нема да го има и тренерот на голманот, Александар Царчев кој е позитивен на тестирањето за коронавирусот.

Царчев со објава на социјалните мрежи ја потврди непријатната вест и им посака на ракометарите многу среќа на престојните предизвици.

Македонија со Финска ќе игра во Скопје на 4 ноевмри а ќе и гостува на Швајцарија на 7 ноември. Двата натпреварите ќе ги гледаме со пренос на МТВ.