Русија и Белорусија одиграа нерешено 32-32 на Мундијалот во Египет, натпревар од групата Х во која се уште и селекциите на Словенија и Јужна Кореа.

Ова беше супер неизвесен натпревар на кој Белорусија често беше во предност но на крај се спасуваше од праз, Русија го имаше последниот напад при 32-32 но не ја искористи шансата за победа.

Во составот на Русија тројца играчи постигнаа по шест гола, Киселев, Косоротов и Сорока, кај Белорусија со шест гола најефикасен беше Кулеш.